Дојави за бомби во 115 белградски училишта

Во повеќе училишта на територијата на Белград утрово е добиена информација за експлозивна направа, соопштија за Танјуг од МВР



Родителите се известени дека децата остануваат дома.

Според првите информации, известувања за подметнати експлозивни направи пристигнале на електронските адреси на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини, соопшти Министерството за образование, пренесе Б92.

Екипи на МВР се на терен, а учениците и вработените се евакуирани, се посочува во соопштението и се додава дека за да се обезбеди безбедност на учениците и вработените, наставата во прва смена е прекината до завршување на полициската проверка.

Некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми.

Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за сите релевантни информации за часовите преку редовни канали за комуникација.