Дојави за бомби: Евакуација во неколку училишта и Основниот суд во Охрид

Дојава за поставена бомба утрово во Основниот суд во Охрид. Пред судот можеше да се забележат екипи на полицијатаи брзата помош, додека вработените беа евакуирани.



Настанот го потврдија и од СВР Охрид. Портпaролот Стефан Димоски вели дека дојавата утрово била добиена на електронска адреса, по што веднаш се преземении мерки за евакуација, јавува Охридски мк

Денеска во 07.50 часот во СВР Охрид пријавено e дека на електронската адреса на Основен суд Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа“ средни и основи училишта во Скопје исто така добиле електронска дојава дека во овие објекти е поставена експлозивна направа.

Учениците и персоналот од училиштата се евакуирани. Тие по евакуацијата имаат еден час да стигнат до дома и да се вклучат на онлајн настава според препораките на Министерството кое на таков начин смета дека ќе се реши проблемот со губењето на наставата.

Дописното писмо е пристигнато до сите училишта, а насоките од МОН преку порака стигнале и до родителите. Во пораката се бараше од нив да ги проверат профилите на своите деца на тимс платформата на која се следеше онлајн настава и за време на пандемијата со ковид-19.

На терен се припадници на МВР кои започнале потрага по евентуално поставените експлозивни направи.