Дојава за бомбa било утрово упаена до претседателската вила Водно – една од многуте кои пристигнале до трговски центри, хотели и во повеќе музеи и други културни установи во Скопје , како и кон средни училишта.
„Потврдуваме дека утрово, на 21 февруари 2023 година од страна на Министерството за внатрешни работи бевме информирани дека има дојава за поставена бомба во местото на домување на претседателот. Кабинетот на претседателот ги почитува насоките на Министерството за внатрешни работи и примената на стандардните протоколи во вакви прилики. Претседателот Пендаровски денеска ќе ги извршува редовните работни обврски согласно планираната агенда на активности”, соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Дојавите запоставени бомби започнале изутринава околу 08.20 часот на имејл адресите на повеќе медиуми по што започнала итна евакуација на вработените и во медиумите и во сите други институции кои добиле закани за поставени бомби.
Дојавата за поставени бомби дошла од извесен Graham Klein кој напишал дека покрај заканата за експлозивна направа во ГТЦ Градски Трговен Центар во Скопје, има поставено бомби и во други објекти : Музеј на Град Скопје (МГС), Музеј ММБ на Адреса 11-ти март, Скопје, Природнонаучен Музеј на Македонија бул. Илинден 83, Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000, Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза, ГТЦ Градски Трговен Центар Скопје, Шопинг центар Ист Гејт Мол, Трговски центар Бисер, Станбена зграда Агора Флатирон, Станбените кули Џевахир, Управен суд на Македонија Даме Груев 6, Скопје, Куќата на Претседателот – Вила Водно. Исто така закана има и за Хотел Мариот (Плоштад на Скопје), хотел Александар Палас, Спортски Центар Борис Трајковски, Централната Железничка Станица Скопје и Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ).
Од Министерството за внатрешни работи велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
