Дојава дека исчезнатиот Матеј е жив имало и од македонски хотел

Сè е можно, во овој момент навистина се е можно. Матеј и да е жив и киднапиран – вели Бранко Лазаревиќ, загрепски криминолог и пензиониран експерт за пребарување, откако во медиумите протекоа нови информации за исчезнувањето на младиот човек од Сплит.



Имено, хрватска манекенка на Инстаграм објави дека наводно го видела исчезнатиот Матеј во Минхен и најави дека за тоа ќе допатува во Белград да разговара со полицијата, објави „Новости“

Криминологот Лазаревиќ верува во важноста на дојавите, но за жал вели дека неговото искуство покажало дека ваквите потези најчесто биле повлекувани поради малото медиумско внимание и публицитет.

„На почетокот на јануари ми се јави вработена во македонски хотел, која ме уверуваше дека се видела со Матеј. Но, информацијата се покажа како невистинита“ -вели Тој.

„Во 20-те години колку што работам во полиција, секогаш сум реагирал на пријави, дури и на јасновидци. Иако се покажа дека тие се повеќе лажни отколку вистинити, се’ мора да се провери. Секој полицаец мора апсолутно сериозно да ја сфати пријавата и да ја истражи, за да не се утврди денеска или утре дека исчезнатото лице навистина било на таа локација, а службениците не го прочешлале теренот“, објаснува пензионираниот криминолог.