Договорот за името по втор пат пред пратениците

Во собранието денеска по вторпат ќе се гласа за законот за ратификација на договорт со Грција.



Претседателот Иванов, по гласањето на 20 јуни кога „за “ законот гласаа 69 пратеници, одби да го потпише указот и го врати во Собранието.

За да биде изгласан законот овој пат се потребни  гласовите на 61 пратеник, а потоа тој повторно ќе биде доставен до претседателот на државата.