Законот за ратификација на договорот со Грција и Законот за јазиците ќе бидат испратени во Службен весник пред да се распише референдумот за името, изјави спикерот на македонскиот парламент, Талат Џафери во интервју за МИА.
Според него, тоа е логично зашто која инаку би бил предмет на референдумот.
За времето кога ќе се одржи референдумот, Џафери вели дека Парламентот нема последен рок за негово распишување зашто нема ни определен датум за негово одржување.
„Затоа не сме оптоварени да кажеме стриктно 30, 31 јули или 1 август ни е последен рок. Битное да се определи рамката во која што се сака да се одржи тереферндумот и врз база на тоа да се поднесе предлог-одлука до Собранието“ вели претседателот на парламентот.
На лидерската средба во недела навечер ќе се постигне договор и дека ќе може да се избере ДИК, вели Џафери во интервјуто за МИА.
Целото интервју на следниот линк.





