Премиерот Димитар Ковачевски вчера уште еднаш го потврди договорот постигнат со ДУИ од 2020 година, во последните 100 дена од овој состав на владата, премиер да биде од редовите на ДУИ.
Тој договор е се уште во сила, рече премиерот.
Истото го потврди и министерот, Бујар Османи:
„Премиер предложен од ДУИ во последните 100 дена ќе има. Ова е дел од договорот и нема простор за преговори“, вели Османи.
Османи неодамна ги отфрли шпекулациите дека премиер би можел да биде Фатмир Битиќи:
Османи: Не може Битиќи, кадар на СДСМ, да биде технички премиер во последните 100 дена







