Синдикатите и Владата конечно постигнаа договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите досега спорни елементи, за кои со месеци се преговара во рамките на Економско-социјалниот совет.
СДпоред договорот, септемвриската плата ќе биде повисока за десет проценти, а регресот за годишен одмор од десет илјади денари ќе биде исплатен во декември.
Новата методологија, која за пресметка на примањата на вработените во јавниот сектор како репер ја зема просечната плата, ќе се применува од март 2025 година.
За имплементација на договореното во септември претстпо ребаланс на државната каса.
Зголемувањето нема да важи за функционерите, кои својот дел од 78 проценти го добија во март.







