Министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас вчера во Брисел имале средба на која била „договорена рамјката за компромис во двоценискиот спор“ јави дописникот на МИА.
„Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра“, изјави за МИА министерот Димитров.
Грчки медиуми јавуваат дека викендов телефонски контактирале и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, а можно е во наредните денови да има и нова средба, пренесе МИА.





