„Владата на Македонија на редовната седница го изгласа Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Албанија за формирање заеднички граничен премин според заедничкиот концепт за гранична контрола.“ – јави информативниот портал на албански јазик „Телеграф“ во својата информација со наслов „Владата на Македонија го изгласа Предлог-законот за заедничка граница со Албанија“.
„Телеграф“ пишува: „Од Владата соопштуваат дека според текстот на законот станува збор за гранични контроли со едно застанување (едношалтерски систем) и поедноставени процедури, кои ќе се спроведуваат на граничен премин. Концепцијата на заеднички гранични премини и поедноставни процедури, според Владата, доведува до забрзување на движењето преку граничните премини.“
„Порано Македонија имаше спроведено таков договор, или едношалтерски систем, со Србија.“





