Владата на синоќешната седница одлучи од 1 јануари 2021, да се воведе повластена даночна стапка од 10% за продавањето храна и пијалаци во угостителските објекти и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.
Од 1 јануари ќе има и повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.
Утврден е и предлогот за Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од Пакетот 4 за справување со економската криза предизвикана од ковид-19.





