Додик: Република Српска не сака да биде дел од БиХ

Србите во Босна и Херцеговина се „ментално интегрирани“ со Србија и ќе ја поддржат евентуалната независност на Република Српска (РС), вели нејзиниот претседател Милорад Додик во интервју за Франс прес.



„Не сакаме да останеме овде“, рече Додик во интервју за француската агенција објавено денеска, на Денот на Република Српска, прослава што централните власти на Босна и Херцеговина и ОБСЕ ја сметаат за неуставна. .

Во интервјуто, Додик истакнува дека повеќе од 80 овластувања на РС се префрлени на централната власт во Сараево и дека Србите сакаат да си ги вратат.

Додик во последно време се занимава со проблематиката на државниот имот како што се недвижностите и шумите, кои, според него, се на субјектите и се прашање на „живот и смрт“.

Медиумите во Босна и Херцеговина, пак, тврдат дека нивен сопственик е државата, пишува француската агенција, а тој што ќе пресуди би можел да биде високиот претставник на меѓународната заедница, кој има овластување да донесува или укинува закони.

„Ако тоа се случи, ќе одиме во Народното собрание на РС и ќе донесеме одлука за независност“, предупредува Додик – нешто што го повторува од доаѓањето на власт во 2006-та.

„Ќе ги повлечеме Србите од војската, полицијата, заедничките институции. Им препорачувам да не влегуваат во таа приказна“, се закани тој.

Додик тврди дека целта на Западот е да ја направи Република Српска бесмислена и да создаде централизирана Босна и Херцеговина.

Нашиот карактер не дозволува тоа да се случи. Затоа денеска со гордост го славиме 9 јануари“, рече тој.

САД очекуваат истрага и казнување на сите оние кои ги прекршуваат законите на Босна и Херцеговина, вклучително и пресудите на Уставниот суд на Босна и Херцеговина спортед кој прославувањето на 9 јануари за ден на Република Српска е неуставно, соопшти американската амбасада во соопшти Сараево.