Додека владата тврди дека дошол живот за сите, контејнерите се спас за многумина (ВИДЕО)

Порталот Ора24 вечерва објавува видео од кое се гледа дека наспроти тврдењето на премиерот Ковачевски и неговата влада дека во Македонија дошол живот за сите, во главниот град многумина зависат од тоа што ќе најдат во контејнери.



Контејнер на Комунална хигиена во земјата членка на НАТО во 21 век според видеото е посетуван од повеќе луѓе.

Ќе се заинтересираат ли Ковачевски и неговите министри или претседателот Пендровски кои се овие луѓе кои се принудени да бараат спас во контејнер.

Во меѓувреме владата не запира со пропагандата на социјалните мрежи според која во Македонија тече мед и млеко.

Ора24 го објавува видеото со пораките:
“Живот во контејнер” – Скопје со хаштазите
Контејнерот “надеж” за парче леб, облека, живот и хаштазите:

#skopje #shkup #jetë #bukë #ekzistencë #maqedoni #скопје #живот #леб #постоење

Тажното и понижувачко видео за сите нас, не само за тие што бараат спас во контејнер, може да се види на овој линк

https://fb.watch/hQlITVeu_g/