Додека се чека одговор за аферата на Славјанка во АРМ Оливер во МВР кумува на скандал вреден 1 милион евра

Додека се чека одговор за аферата во АРМ Спасовски во МВР кумува на скандал вреден 1 милион евра, открива пратеникот Драган Ковачки.



Според него наместо МВР да набави за малку пари многу принтери кои би биле во сопственост на Република Македонија Спасовски и неговиот тим за многу пари изнајмуваат принтери кои нема да бидат македонски.

,,Додека чекаме одговор од Пендаровски и Ковачевски за скандалот во МО со балансерот на кој му кумувала Славјанка Петровска, погледнете како министерот за внатрешни, на крај на мандат, на веќе договорен датум за избори, склучува договор на 3 (три) години за изнајмување на принтери.

Скоро 900.000 евра за изнајмување на принтери!
За тие пари министерот можел да купи 3000 принтери. (!)
Практично, на секои 3 вработени би имало по еден принтер и истите би биле во сопственост на МВР”, објавува Ковачки кој смета дека на овој начин речиси еден милион евра ќе отидат во ветер, затоа што тие принтери по користењето фирмата си ги зема назад.

,,Домаќински, нема што. Или провизија е во прашање”, прашува Ковачки.