Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски со свој коментар во знак на поддршка за наставниците кои бараат поголеми плати.
Кирјаковски го коментира различниот однос на владата и образовните власти кон луѓето кои имаа разбирање за властите кога мораа од дома да водат настава без за да тоа да имаат соодветни услови.
,,Кога наставниците и професорите во ек на пандемија излегоа во пресрет и трошеа своја струја, интернет и лична техничка опрема дома за цели на наставата беа топ; сега кога бараат нешто што им следува законски, посебно по вештачкто редефинирање на минималните плати – ,,stramda ime” (срам да им е)!”, пишува со доза на иронија професорот за власта која одбива да ги помогне луѓето кои ја образуваат македонската иднина а работат, дел од нив и живеат, во тешки услови.
Кога наставниците и професорите во ек на пандемија излегоа во пресрет и трошеа своја струја, интернет и лична техничка опрема дома за цели на наставата беа топ; сега кога бараат нешто што им следува законски, посебно по вештачкто редефинирање на минималните плати – stramda ime!
— Atanas Kirjakovski (@profKirjakovski) April 27, 2022





