Поради можноста за ерупција на вулкан, над 4 000 Исланѓани, жители на рибарскиот град Гриндавик, се евакуираат.
Во целата земја е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција, а оваа мерка беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан.„Ова предизвика страв од вулканска ерупција, која може да се случи „во рок од неколку дена“, велат од Исландската метеоролошка служба.
Во меѓувреме, синиќа „се разбуди“ вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа се разбуди и исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање на пепел и нема информации за штета, јави ДПА.
Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри.







