На аеродромот во Сараево денеска пристигнаа првите 1.000 руски вакцини „Спутник Ве“, потврди министерот за здравство и социјална заштита на Република Српска, Ален Шераниќ.
Со тоа и Босна и Херцеговина се запиша меѓу земјите со вакцини против коронавирусот, па без нив на Балканот сега се само Косово и НАТО-членките Македонија и Црна Гора.
Додека во БиХ се истовараше првата пратка руски вакцини, во Македонија со 70 гласа „за“ беа изгласани измените на Законот за лекови, со кои се овозможи увоз на најавените вакцини од „Фајзер“ и на отстапените од Србија од истиот производител.
Денеска и во Албанија се очекува(ше) првиот контингент вакцини од „Фајзер“, а без нив досега се вакцинирани 0,2 жители на 100.
Лидер во регионот, но и во самиот европски врв е Србија со 6,33 вакцинирани на 100 жители, а пред неа на стариот континент е само Велика Британија со 13,05.






