Талибанизмот во Крива Паланка со брусењето на сонцето од Кутлеш од плоштадот „Карпошово востание“ среде празникот 1 мај и полицискиот час експресно предизвика отпор и контрареакција.
Противниците на ништењето од јавните површини на официјалното знаме на Република Македонија од 1992 до 1995 година своето несогласување со владиното брзање да го спроведе Преспански договор среде пандемијата од коронавирус го искажуваат со носење заштитни маски со 16-кракото сонце.





