Додека ги бркаа ,,Вмровците” останаа ли без своите пратеници

Додека владеачката коалиција”брка” десетина опозициски пратеници најмалку 5 пратеници на власта се премислуваат за гласањето за уставните амандмани, велат информациите од парламентарното мнозинство.



Освен барањата на Алијансата и БЕСА кои што се обидуваат да направат трговија со своите гласови спикерот Џафери и СДСМ имаат проблем со уште 5 пратеници на СДСМ и коалицијата.

Професорот Ферид Мухиќ уште во јуни најави дека нема да гласа за промена на уставот затоа што според него тоа е погрешно и штетно за Македонија.

Дилеми имаат и двете пратенички на ДОМ Лиле Поповска и Маја Морачанин од кои едната, Поповска во петокот не гласаше во уставната комисија кога се решаваше за трансфер на уставните измени на пленарна седница.

Извори во локални подружници на СДСМ тврдат дека уште двајца пратеници од внатрешноста имаат сериозни дилеми дали да гласааат за промена на името и на уставот откако добиле сериозни критики од локалната средина што ја претставуваат а имале и конфликти во семејствата за истото прашање.

Посебна приказна се неколку пратеници кои се навредени што во јавноста се зборува за стотици илјади евра поткуп за пратениците на опозицијата а нив никој не им се обратил за ништо иако нивните гласови се веќе пресметани како сигурни.