Додека бил премиер Зоран Заев за неговата улога во македонската историја добил стихови од еден од најпопуларните македонски пејачи на народна музика Спасен Силјановски.
Овие стихови за Заев се во модифицираниот текст на песната ,,Пуста да ти биде судбината” која се уште се пее во новата варијанта: ,,Пуста да ти биде Заев судбината, ти што сакаш да ни ја земеш татковината, и на нашите деца иднината”.
Заев овие стихови ќе мора си ги носи вечно на душата затоа што стихови кои станале народни нема да се заборават уште долго време.
Засега нема слични стихови за наследникот на Заев, Димитар Ковачевски.






