Доцна се сетија – власта допрва ќе работи да ги задржи младите дома

Откако на големо се исели квалитетниот кадар надвор од границите во потрага по платена работа, државата дури сега ќе работи на тоа како да ги задржи работниците дома. Владата после 4 години власт заклучува дека треба да работи на тоа како да ги задржи младите дома, иако голем дел купиле билет во еден правец, пренесува Алфа ТВ.
Првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски вели дека Македонија повеќе нема да биде земја на евтина работна сила. Се преговарало со странските инвеститори дека мора да го сменат ставот дека земјава нуди ниско платени работници.



Точно е дека работниците си одат од Македонија во потреага по подобра работа, и затоа ние сега го менуваме системот дека во земјава повеќе нема да има евтина работна сила. Ако им кажете што ви е важно и ако се чесни, повеќето се тоа, да, тие дошле да направат профит, но не на штета на државата. Клучно е дали ви е важно да се сликате или сакате да направите нешто важно за државата, изјави Деспотовски.

Економските зони кои беа магнет за привлекување на странски капитал, сега размислуваат како ќе исплаќаат повисоки плати, иако првичниот договор не бил таков. Капак на се е и недостатокот на работни материјали во ТИРЗ зоните, кој им создава дополнителни проблеми на компаниите. Недостасуваат чипови за автомобилската индустрија, и се стравува дека би можно да биде стопирано производството, се додава во анализата на Алфа.