Андреј Дочински, кандидат за европратеник на Словенечка национална странка, го „пречека“ утрешниот настап на премиерот Зоран Заев во рамките на циклусот предавања „Западен Балкан и ЕУ“ на Институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) во Љубљана.
„Зоран Заев утре во Љубљана ќе предава на тема ‘Северна Македонија – успешна приказна’. За левичарите држава проникната со корупција и криминал е успешна приказна! Да не го спомнувам насилното преименување на државата и непочитувањето на референдумската волја. WTF?! #ЛевоОдУмот“, напиша на Твитер словенечкиот државјанин со македонско потекло и претседател на Синдикатот за здравство на Словенија.

Како дополнување на својот твит, Дочински се осврнува и на Преспански договор од аспект на словенечко-хрватскиот пограничен спор.
„Како би изгледало решението на пограничниот спор СЛО – ХРВ во духот на договорот од Преспа? СЛО сите спорни територии ќе ѝ ги препушти на ХРВ, а истовремено ќе се обврземе да ги користиме ХРВ имиња за тие места. Ако ги додадеме уште и корекциите во СЛО учебници, тогаш идејата е зрела за Нобелова награда за мир“, твитна тој.





