Доцент од 500 најдобри универзитети: Министерке не уништувајте генерации умни деца

Почитувана министерке, убаво што Ви текна сега да го промовирате (нај)новиот образовен концепт.



Промените се повеќе од потребни, точно е, ама на овој начин…

Дали размислувавте кој би требало да Ви ја спроведува реформата?

Каков е наставниот кадар со кој што располагате, каква Ви е опременоста на училиштата?

Какви се платите, колкави средства имате за да ја спроведете реформата?

Еве, министер за образование сте 100 и некој ден.

Колку пати присуствувавте на часови (онлајн, во живо), колку пати директно, на лице место, зборувавте со наставниците, за да ја видите реалната слика?

Или само посредно се информирате?

Јас не сум политички “обоен”, работата не ми зависи од било која партија (за среќа, работам во Србија, на еден од 500 најдобри универзитети на светот), некогаш учествував и по комисии за реформи.

Ова што го правите е многу далеку од некој сериозен процес, а особено од финското школство (а и тоа веке не е најдобро – погледнете што се прави во Кина, Сингапур…).

Не брзајте.

Доколку сте притиснати со некакви надворешни фактори и барања, така и кажете, само не уништувајте уште неколку генерации на (добри и паметни) деца.

Или можеби баш тоа го сакате?!?

Фејсбук коментар на Проф. Младен Марковиќ
Доцент на Факултетот за музички уметности при
Белградскиот универзитет