Добри вести од Турција: Почнува лекувањето на Никола

„Во телефонски разговор попладнево младиот Никола нѐ информираше дека болницата во Турција ја превзема обврската за неговото лекување и првиот третман за прием на терапија е закажан за 24 Април. Првиот чекор е направен и враќање назад нема!“, објави вчераградоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.



Стефковски најави голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото „Подај рака за Никола“ на кој покровител е токму тој.

„Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста! Заедно со Никола ќе победиме!“ напиша Стефковски на Фејсбук.