Меѓународна група комјутерски експерти и специјалисти за социјални мрежи која се бори против прекршување на демократијата на интернет медиуми започнала неформална истрага за блокада на онлајн медиуми во Македонија.
Групата експерти која работи по урнекот на ,,Амнести интернешенл” во областа со човекови права, има соработници од целиот свет а целта им е да им помага на интернет медиуми кои се хакирани или блокирани од страна на недемократски власти пред се во земјите од третиот свет.
Првичното скенирање на состојбата кое се случило по добиени сознанија дека во Македонија постои систематска блокада на вести и информации штетни за власта, покажало дека најмалку 3 веб портали кои се критички настроени кон Владата се цел на постојани напади и блокади.
За разлика од пред неколку години кога примарен начин на блокада на интернет медиуми беа класични хакерски напади со уривање на порталите при што тие беа недостапни извесен период, сега демократското право на читателите да дојдат до информации се спречува со нови методи како таканареченото ,,филтрирање”.
Главен начин за блокада на критички медиуми глобално сега е намалување на нивото на опсег на информациите или таканаречениот reach кој освен што перманентно го намалуваат самите социјални мрежи од бизнис причини сега дополнително го намалуваат хакери најмени од институции, политички партии и други формални и неформални организации.
Овој тренд сега се случува и во Македонија каде што постои вештачко намалување на пропулзивност на одредени вести кон социјалните мрежи и понатаму кон јавноста.
Засега нема детали кој ги нарачал блокадите на медиумите во Македонија но организацијата која работи анонимно најавува дека по нова година ќе достави подетални податоци за прекршувањето на правото на дистрибуција на информации на интернет.
Македонија стана интересна за светските интернет експерти откако во 2016 година “велешките хакери” беа обвинети дека со помош на лажни вести успеале да влијаат на изборот на претседателот на САД Доналд Трамп.





