Добра вест за СДСМ: Левица ја отфрли понудата од ВМРО-ДПМНЕ за соработка со цел уривање на Заев

Лидерот на Левица Димитар Апасиев денеска ја потфрли понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за соработка на локалните избори со цел уривање на власта на Заев.



Откако вчера Мицкоски понуди Левица и ВМРО-ДПМНЕ да гласаат секоја од нив за своите советнички листи а да ги поддржат кандидатите на опозицијата за градоначалници, Апасиев најави дека Левица ќе се бори да дојде на власт сама без да помага на други да дојдат на власт.

“Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!?

Мицковски во реалноста:
– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;

– Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни куртон-медиуми со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата;

– договара легализација на дивоградби со Заев у четири очи, во корист на урбаната мафија;

– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;

– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);

– прифаќа етницитет во лични карти, коо да сме Руанда;

– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса);

– малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…

И, кога после се, идат анкетите пред Локални – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!? 😉

Види вака друже.
Скроз си ја зрешил сликата за нас.
Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт!
Политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ”, напиша Апасиев на Фејсбук во одговорот на понудата на Мицкоски.