Со овие зборови споделени на Твитер, Блерим Вела, шеф на кабинетот на претседателот Вјоса Османи, го коментираше вчерашниот протест во Белград алудирајќи очигледно на протестите на плоштадот „Мајдан“ во Киев во 2014 од каде почна уривањето на тогашниот украински претседател Виктор Јанукович кој одби да потпише Договорот за асоцијација со Европската унија.
Вела рече дека демократска и интегрирана Србија во ЕУ е гаранција за мирот и стабилноста во регионот.
Во објава на Твитер каде што сподели снимка од саботниот протест против Вучиќ одржан во Белград, на кој имаше многу посетеност и помина мирно, вели дека тоа е така кога протестот не го организира Вучиќ.
„Вака изгледаат протестите во Србија кога не се организирани од Вучиќ и неговата насилна машина СНС. Мирно и достоинствено. Србија која е навистина демократска и интегрирана во ЕУ е гаранција за мирот и стабилноста во регионот“, напиша Вела на Твитер






