Добитникот на милионски тендери од владата кој гради полициски станици, има рекламни паноа за огласување, реконструира спортски сали за конференции… само лани на ДУИ и донирал 6 милиони денари, објави Телма.
Законот забранува политички партии да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор“.
Но и покрај тоа во изминатите три години, Елмедин Адеми и фирмите блиски до него – „Еуровиа“,„Скрин медиа“,„Виаком“, „Талента“, „Енеа“ и „Адел“, ѝ донирале на ДУИ скоро 160 илјади евра.
Самостојно Адеми на ДУИ лани ѝ донирал двојно повеќе пари од сите имиња на листата. Додека пак заедно со „Еуровиа“ и „Виаком“ пет пати повеќе од останатите донатори или вкупно 100 илјади евра.
Целата сторија на Марија Митева на Телма.






