Добија „брегзит“ останаа без бензин

Голем број бензински пумпи на британскиот БП и американскиот Ексон Мобил во Велика Британија се затворени .



Причината за тоа е проблемот со испораката на гориво, бидејќи на тие компании им недостасуваат возачи на камиони.

Пристигнувањето на нови возачи од Европската унија во Велика Британија сега е покомплицирано по Брегзит.

Британските авто-превозници имаат потреба од 90.000 возачи.