На улицата Рузвелтова во Скопје деновиве може да се види ВЦ шоља на тротоарот која никој не поместува.
“Плаќаме огромни сметки за ѓубрарина а не можат или не сакаат да тргнат една обична гнасна ВЦ шоља”, вели огорчен Скопјанец за expres.mk кој тврди дека и во земјотресот 1963 година градските служби функционирале подобро од сега.
Едвај ја спречувал внуката да седне на шољата, вели резигнираниот пензионер кој на шега вели дека можда таа е уметничко дело што тој не го разбира.
На иронично прашање на expres.mk дали можеби се работи за некаква уметничка инсталација или споменик кој можеби е проект од “Скриена камера” граѓанинот вели дека цела Македонија деновиве е еден голем циркус или уметничка изложба на глупости.
Тој апелира без разлика дали се работи за Шилегов, Богдановиќ или Богоев некој треба да запре да ги понижува граѓаните кои редовно си ги плаќаат сметките за носење на ѓубрето.
Тоалетната шоља е поставена меѓу две исушени растенија на територија на општина Карпош на десетина метри од зградата на Јавното Обвинителство кое порано ја користеше СЈО.

Ако некој радикално слободоумен ја загледа ВЦ шолјата може да му се причини како да е наместена од општина Карпош или од град Скопје и тука на тротоарот да ја врши својата основна функција.
Граѓанинот моли информацијата да биде веднаш пренесена на Шилегов или надлежниот градоначалник и служби.
Последна вест
40 месеци од почеток на судење и 10 години од настанот
Мијалков ослободен од обвинението за нечовечко однесување кон Љубе Бошковски






