Актуелниот претседател на Полска, Анджеј Дуда, вчера прогласи победа на претседателските избори во земјата, но неговиот противник одби да го прифати поразот.
Градоначалникот на Варшава, Рафал Трјасковски, од централно-десничарската опозициска партија Граѓанска платформа (ПО), изјави дека излезните анкети не се доказ, туку дека треба да се почекаат да се избројат гласовите.
„Сигурен сум дека ќе победиме“ рече тој.
Според излезната анкета на државниот радиодифузен сервис ТВП и спроведена од Ипсос, Дуда имал добиено 50,4% од гласовите синоќа, во моментот на затворање на изборите изборите. Трјасковски доби 49,6%, при излезност од 68,9 проценти на гласачите што е највисока во последните 25 години за претседателски избори.
Дуда веќеизјави дека ја прифаќа победа и врз основа на излезните анкети.
„Благодарам на сите мои Полјаци кои гласаа за мене и го дадоа својот глас. Сакам да ви се заблагодарам со сето срце затоа што овој од turnив покажува колку многу се грижите за нашата земја“, рече тој.
Дуда го покани Трјасковски во Претседателската палата во неделата вечер да „се ракуваат“
Како одговор, Трјасковски му се заблагодари на Дуда на Твитер за поканата, но додаде: „Мислам дека најсоодветно време ќе има откако ќе бидат објавени резултатите од изборите“.
Победата на Дуда – доколку биде потврдена – националистичката владејачка партија „Закон и правда“ ќе ја смета за потврда на популистичката политика што ја спроведува уште од доаѓањето на власт во 2015 година.





