Многу нелогични ситуација открива твитот на денот кој е долг само три прости реченици.
Зборува за градоначалникот на Карпош Стефан Богоев за кој неговата партија реши дека не треба да трча втор мандат.
“Ако бил добар градоначалник, не го менуваш. Ако бил лош, не го ставаш директор на царина. Многу е просто”, пишува Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит.
Твитот отвара дилема дали Богоев е тргнат како кандидат затоа што не го бива и ќе загуби или пак е премногу добар па затоа добива нова функција како директор на Царина.
Истото важи и за неговиот наследник Душко Весковски кој станува кандидат за Карпош откако беше директор на Скопскиот Водовод.
Ако Богоев и Весковски биле добри на своите позиции зошто добиваат нови, а ако не биле зошто им се дава нова шанса да станат функционери, е логичното прашање кое произлегува од твитот.
Ако бил добар градоначалник, не го менуваш. Ако бил лош, не го ставаш директор на царина. Многу е просто.
— Боби (@BatmanSaysT) August 25, 2021






