
Македонија и во наредните денови ќе биде погодена од екстремно високи температури. До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР.
Во земјата утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10.
Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.






