До смрт со Зоран Заев, најавува член на СДСМ кој на твитер објави дека ќе го следи екс лидерот на партијата додека дише.
Активистот на СДСМ Воислав Попоски вели дека никогаш нема да го заборави тоа што Заев го правел за Македонија која не ја нарекува северна а предходно водеше жестоки дебати со тие кои не го правеа тоа.
,,Го стави својот живот на тацна за слобода. Ја направи Македонија од заробена држава во демократска земја. Гинеше за сите нас и нашата иднина. Тоа никогаш нема да го заборавам.
ДО СМРТ СО ЗОРАН ЗАЕВ ✊🏻❤️”, вели Попоски кој очигледно дека не знае што се случува во неговата партија.
Го стави својот живот на тацна за слобода. Ја направи Македонија од заробена држава во демократска земја. Гинеше за сите нас и нашата иднина. Тоа никогаш нема да го заборавам.
ДО СМРТ СО ЗОРАН ЗАЕВ ✊🏻❤️ pic.twitter.com/9GGBE0OLE0— Voislav Poposki 🇲🇰 (@poposki_voislav) April 27, 2023
На фотографијата Попоски го прегрнува шефот на Социјал демократската младина СДСМ.





