Вкупно 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Директорот на ДЗС Апостол Симовски вчера изјави дека пописот се одвива според очекуваната динамика и дека до вечерва да бидат попишани 1 милион граѓани.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.236 лица.
Пописот започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.






