До петок ќе се знае кои 8 министри ќе бидат „реконструирани“

Најдоцна до петок владеачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција, изјави  министерката за одбрана Радмила Шекеринска во синоќешното гостување во „Топ тема“.



„Ветивме промени и во партијата и на државните позиции. Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните интереси. Најавивме реконструкција и таа ќе се случи. Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција ќе биде доставен во Собранието“, истакна Шекеринска во вечерашната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

Иако се очекуваше поголема реконструкција само осуммина министри ќе ги предадат фотелјите. 

Засега се знае дека сигурно од функција заминува министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој стана генерален секретар на СДСМ.