Градежните работи на делот од магистралата Охрид – Кичево, од Подмоље до Охрид, предизвикува времени застои во сообраќајот на влез и излез од Охрид, а најкритично е од аеродромот до Подмоље, како и на стариот пат Струга – Охрид од Подмоље до Охрид.
Граѓани реагираат дека колоните од Струга за Охрид биле долги колку и самиот пат.
Министерот Благој Бочварски при вчерашната работна посета на градилиштето од Подмоље до Охрид, најави дека работите на оваа делница ќе бидат готови до 10 јули, односно до стартот на туристичкиот шпиц и побара разбирање како од охриѓани, така и од локалната самоуправа која, деновиве силно ја критикува централната власт за избраниот тајминг за извршување на градежните работи на влезот од Охрид, кои се дел од изградбата на автопатотОхрид-Кичево, кој со многу проблеми се гради од 2014 година. (Охридњуз)







