До крајот на годинава ќе се вози по првите 2 километри од патот Скопје -Блаце!?

„Овие два километри ќе бидат пуштени. Еден дел ќе биде во употреба бидејќи едниот дел мора да биде целосно поврзан со другите 10 километри.



Значи до крајот на годината ќе биде во функција главниот пат во должина од 2 километри, кој ќе не поврзе со границата“, вели директорот на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми.

Првите 2 километри се уште не се завршени, иако Рустеми за ТВ21 вети дека на пролет оваа година требало да бидат завршени овие 2 километри“, јавува ТВ21.