Франција до крајот на годината ќе го ратификува Протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.



Одговарајќи на новинарско прашање амбасадорот рече дека процесот на ратификацијата за членството на Северна Македонија во НАТО е во тек.

Покрај Франција, Протоколот за НАТО треба да го ратификуваат и Холандија и Шпанија која вчера одржа парламентарни избори, но многу веројатно политичката криза  во таа земја ќе продолжи.