До кога граѓаните ќе бидат мета на незаконско снимање и прислушување?! Македонските граѓани треба да бидат загрижени дека власта незаконски ги снима и прислушува, алармираат експертите, објави Алфа. Според поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски, повеќе од јасно е дека власта спротивно на Уставот и законите ги снима и ги прислушува комуникациите на граѓаните. Според него, обвинувањата од опозицијата дека македонските граѓани се под закана за прислушување, се точни и издржани.

Зафировски додава дека работите се излезени од контрола, а тоа само по себе говорело дека немало никаков надзор врз Агенцијата „ОТА“, за што како што вели, и самиот министер кажал дека периодов бил таков.
Претходно, најголемата опозициска партија соопшти дека од т.н. свиркачи добила загрижувачки информации дека два милиона граѓани биле незакоски слушани. Пратеникот Игор Јанушев рече дека треба да сме загрижени.
Инаку, Оперативно-техничката Агенција „ОТА“ беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе.





