На 4 февруари, ако не им се забрани влез на овие докажани национални шовинисти, можен е сериозен инцидент. Софија ќе направи сѐ за тоа да се случи

Да ви кажува некој како се однесува „нашиов“ министер за надворешни работи, Бујар Османи, во никој случај нема да верувате. И, навистина е за неверување. Замислете, во Охрид се случила некоја кафeанска тепачка, Софија прави циркус од настанот, бидејќи натепаниот нарко дилер е од нивниот фашистички клуб и, иако е наш државјанин, спектакуларно го носат со воен авион на лекување во Бугарија…
Османи, пак, без да чека било каков извештај од МВР, оди во Софија, за да го посети натепаниот! За да нема недоразбирања, изјавува дека нему му е доволно што натепаниот и неговата мајка рекле дека инцидентот се случил бидејќи тој се изјаснил за Бугарин! Кај се институциите, Османи, кaj е државата? А, што очекувал тој? Дека натепаниот и мајка му ќе кажат дека тоа било наркодилерско недоразбирање?
Во целина, со своето несреќно патување во Софија, Османи им даде основа на Бугарите да прават циркус од настанот, што и се случува. Со тоа, тој призна и наша вина, и наша омраза. Неговата прес конференција со Милков и ТВ интервјуто во Софија се нов срам за Македонија, а разменетите ноти околу настанот се само наше ново дно.
Нормално, и нашата амбасадорка во Софија била веднаш викната во нивното МНР заради протест и нема сомневање дека таа со трчање отишла. Впрочем, ако нејзиниот шеф, министерот, итал во Софија, за да им се поклони на бугарските национални шовинисти, што остана за неа?
Од лично искуства ќе посочам како се постапува во вакви и слични прилики, за што е потребна и само здрава логика, иако е важно и основно познавање на дипломатијата.
За време на службувањето во Тирана (1998 – 2002), имаше инцидент на границата и беше убиен албански државјанин. Во тоа време, илегалните премини од нивна страна беа масовни заради шверц и криминал. Се зборуваше дека украле и на раце пренеле дури и фиќо. Албанското МНР веднаш го повика амбасадорот. Имавме информации дека МНР, Арта Даде, одма по закажаната средба, оди на комисија во Парламентот, за да реферира како го направила партал претставникот на Македонија. Ја одбив средбата и реков дека можам да дојдам дури откако ќе имам информации од земјата што точно се случило. Отпосле, дознавме дека пред МНР ме чекала толпа новинари и камермани, од сите главни медиуми. Тоа беше прилика Македонија повторно целосно да се оцрни. Не успеаја. Се разбира дека веднаш изразивме жалење за инцидентот и сочувство до семејството на жртвата.
За разлика од тогаш, Осамни се однесува како главна задача да му е одбрана на интересите на Бугарија, што е многу пати до сега повторено. Често се прашувате – дали е тој министер на Бугарија, на Албанија, или е некаков медијатор?
На заедничката прес-конференција на двата министри, по посетата на повредениот, нови понижувања за Македонија. Додека Османи, како отсутен молчеше, Милков истакна дека сака да каже: „Не! – на заживувањето на ‘црните традиции’ кои историски се поврзуваат со Македонија – палење, пукање и насилство врз луѓето“ и додаде – „за такви работи, воопшто нема место во Европа“. Нагласи и дека треба – „… да се стави крај на оваа атмосфера на неказнивост што раѓа ново и ново насилство“! Се разбира кај нас. Ако си присутен на вакви безобразни плукања врз сопствената земја и не реагираш, во најмала рака значи дека се согласуваш и ја прифаќаш критиката. Премолчување на вакви навреди е рамно на – предавство и Османи мораше истиот ден да си даде оставка. До сега, лично не се сеќавам дека некој странец поцрно ни ја изрезилил Македонија.
Целата колумна на амбасадорот Ристо Никовски на следниот линк:
https://plusinfo.mk/do-koga-bu-ar-osmani-e-a-srami-makedoni-a/





