Над 180 илјади транскациски сметки кои ги поседуваат физички лица односно граѓани се блокирани, покажува статистиката на Народната банка. Последниот податок е до крајот на јуни годинава, дознава Фактор.
Сметките ги блокираат најчесто извршители за банките, компаниите, но и за други надлежни институции, најчесто заради долгови по разни основи кои ги создаваат граѓаните.
Точниот број на блокирани сметки на крајот на јуни е 221.365.
Од нив физички лица поседуваат 185.151 физичко лице, додека на правни лица, односно на компани или други организации се 36.214 сметки.
На последнта средба на која е договорен влез на Алтернатива во Владата, премиерот Зоран заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши соопштија дека меѓудруготе договорено е и редефинирањето на Законот за извршители водејќи се, како што рекоа, пред се“ од барањата на граѓаните. Сепак повеќе детали не соопштија.
Со оглед на тоа што граѓаните и правните лица имаат по неколку сметки, бројот на блокирани сметки не значи дека толку граѓани или фирми се блокирани, објавува Фактор.







