Министерството за правда побара од турските власти, првоосомничениот за увиствбото на Вања Ѓорчевска кој беше уапсен во Турција, Љупчо Палевски да биде сместен во екстардициски притвор се додека не заврпи постапката и не биде изведен пред македонските судови и лицете на правдата.



Според професорот Гордан Калајџиев доколку Палчо беше уапсен во некоја членка на европското семејство ќе беше донесен во земјава за краток временски период бидејќи земјите членки имаат меѓусебна доверба.

„Со Турција имаме послоевита процедура која не е толку брза колку што се надева јавноста“,  вели Калајџиев за Канал 5.

Екстрадицијата на Љупчо Палевски–Палчо може да трае од 2-3 месеци до една година, бидејќи постои законски предвидена процедура што треба да ја почитуваат турските власти, пишува „Плусинфо“.

– Турските власти ќе треба да утврдат дека уапсениот не е турски државјанин и дека делото поради кое се бара не е извршено на територијата на Турција..

– Делото за кое се бара екстрадиција на осомничениот треба да е кривично дело и според турскиот и според македонскиот закон…

– Странецот (во Турција), во случајов Љ.П. чија екстрадиција се бара, треба да не е веќе осуден од македонските судови за истото дело, или да не е правосилно ослободен за истото дело…

– Мора да биде утврдена идентификуван како и да има доволно докази за основано сомнение за лицето чија екстрадиција се бара.

– Да има доволно докази дека го сторил кривичното дело или, пак, дека постои правосилна пресуда, дознава Плусинфо..