Апелација ја укина забраната за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ со шпто се поништува одлуката на понискиот суд, кој на 21 март годинава донесе одлука за забрана.
Забраната на книгата, прв таков случај во Македонија, дојде по тужбата на поранешниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски според кој во книгата се имплицирала вмешаност во атентатот на Киро Глигоров на Фрчкоски, со што биле повредени личните права на тужителот.
Идејата за забрана на книга од ваков карактер која зборува за важни периоди од историјата на нашата земја е лош потег, рече тогаш авторот Стојан Андов кој најави дека ќе ги искористи сите правни средства за да се укине одлуката./





