До 5 години затвор за ,,пирати” на македонски национални телевизии

Кривичните пријави на Канал 5, Телма и Алфа се споени во еден предмет на Обвинителството
Три кривични пријави за нелегално реемитување на програми на националните телевизии Канал 5, Телма и Алфа се споени во еден предмет.



Три кривични пријави за нелегално реемитување на програми на национални телевизии се споени во еден предмет бидејќи станува збор за исто дејство и едно лице, вели првиот човек на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски кој појаснува оти сега случајот е во фаза на предходна постапка. Таа вклучува низа активности за утврдување на фактичките состојби и прибирање докази.

,,Се работи за предистражна постапка, за овие кривични дела не е ниту предвидена истражна постапка, бидејќи истражната постапка е предвидена за дела за кои е предвидена потешка казна затвор. За овие дела, во зависност на тоа колку е прибавената корист, казните се движат до максимум пет години затвор. Имајќи предвид дека максималната е до 5 години затвор, за ова се предвидени истражни дејствија кои во суштина се тајни истражни дејствија од страна на Обвинителство за да не се осуети постапката. Се постапува по предметот. Кога ќе се прибере целиот доказен материјал, тоа сега се работи за еден предмет, јавниот обвинител кој си го работи предметот ќе донесе соодветна одлука, се разбира имајќи в предвид сите факти, вели за Канал 5 Гаврил Бубевски – основен јавен обвинител на ОЈО Скопје.

Обвинителството нема како да го стопира нелегалното емитување на програмата, објаснува Бубевски. Во однос на паралелата за тоа што се случува во Македонија наспроти функционалноста на европските механизми за превенција и санкција за прекршување на авторски права и пиратеријата, Бубевски вели оти треба само да го превземеме од законите на ЕУ.

Извори во обвинителството велат дека тужбата и истрагата се однесуваат на три регионални медиумски компании од каде засега нема никаков јавен одговор на тужбата.

Целата сторија на Канал 5