Министерот за здравство вели дека е логично барањето на угостителите да бараат продолжување на работното време по 18 часот и дека ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести.
Според него, што и да важи како ослободување на мерките, нема да биде пред 21 јануари.
„Ова скратување на времето дополнително, иницијално кога беше донесено минатиот месец, рековме дека ќе биде до 21 јануари, кога практично и завршуваат прославите, верските празници, и тогаш веќе по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот.
Дел од угостителите вчера излегоа со барање од понеделник да работат не до 21:00, туку до 23 часот.
Ова следуваше по изјавата на министерот Филипче дека ако остане состојбата стабилна, ќе им се врати работното време до 21 часот.






