Бројот на населението на Заемјата до крајот на 2019 ќе достигне бројка од околу 7,75 милијарди, проценува Ферманската фондација за светско население (ДСВ).
Тоа е за околу 83 милиони повеќе луѓе од пред една година, што значи дека бројот на ѓжители на планетата за една година се зголемил – за една Германија.
Бројот на населението расте со брзина во просек за 2,6 лица на секоја секунда (разлика меѓу бројот на новородени и починати).
Според овој тренд, 8 милијарди луѓе ќе живеат во светот во 2023 година, пренесува Хина.



Жените во Африка имаат во просек по 4,4 деца, две повеќе од глобалниот просек, а според проценките на ОН, популацијата на Африка од сегашните 1,3 милијарди луѓе ќе се зголеми двојно, на 2,5 милијарди, до 2050 година.