До 17 часот гласале над 700.000 граѓани

До 17 часот на денешните парламентарни избори гласале 38,78 отсто од вкупниот број гласачи во Избирачкиот список.



Според податоците од 3.459 избирачки места гласале 703.597 граѓани, од 1.814.613 гласачи соопшти ДИК.

Одѕивот во првата изборна единица е 41,07 отсто и во оваа изборна единица најголема излезност има во Македонски брод 55,65 проценти, во Карпош 44,11, во Центар 43,69, а во Аеродром 42 отсто.

Во втората изборна единица гласале 36,98 отсто од запишаните гласачи.

И понатаму најголема излезност има во „тројката“ и тоа 43,87 проценти, а Општина Крива Паланка со 57 отсто одѕив е со најголем број излезени гласачи во земјата.

Во четвртата изборна единица излегле на гласање 43.99 проценти од граѓаните, додека во ИЕ 5 до 17 часот гласале 38,22.

Најслаба излезност е во шестата изборна единица 29 отсто.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.613 гласачи. Гласањето денеска ќе трае два часа повеќе, односно избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот.