Државната изборна комисија соопшти дека на предвремените избори за градоначалник на општина Штип до 15 часот гласале 9.620 избирачи или 23,03 проценти, а во Општина Пласница 1,658 односно или 33,47 проценти од гласачите.
До овој момент до Државната изборна комисија, како што соопштија оттаму, не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.
Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41.177 гласачи, додека во Пласница 4.954.





