До 10 часот во Србија влегле над 2.000 македонски граѓани

На Граничниот премин Табановце во периодот од полноќ до 10:00 часот денеска влез/излез оствариле вкупно 3.234 лица, од кои на влез 1.095 лица, а на излез 2.139 лица, соопштија денеска од МВР.



Со цел да се обезбеди проодност на граничниот премин биле пуштени повеќе сообраќајни ленти за стотиците возила кои излегуваат од земјава.

Дел од граѓаните кои патуваат кон Србија потврдија дека патуваат за вакцинација.

Утрово и АМСМ извести дека има метеж на ГП Табановце и дека се чека 40 минути за излез од државата кон соседна Србија.

Медиуми јавуваат дека организирано на вакцинирање во центрите во Србија се упатиле музичари, угостители, стопанственици…